
Сложениот дизајн и беспрекорната изведба на архитектонското студио Тарнер во Билгола, Нов Јужен Велс, Австралија воодушевува со својот изглед. Желбата на сопственикот да има куќа покрај океан која ќе биде посебна, а сепак да има атмосфера на вистински дом е исполнета. Прозорците од земја до таван пропуштаат море на светлина, а дрвената рамка на ѕидовите дава посебна топлина. Куќата е опкружена со живописна градина, а специјалното осветлување креира магична атмосфера ноќе. Еве како изгледа сето тоа.