Тим научници од CSAIL, лабораторијата за компјутерска наука и вештачка интелигенција, при унверзитетот MIT создоа робот којшто има вградено тактилен сензор пишува Engadget.
Роботската рака KUKA функционира благодарение на сензорот GelSight, којшто собира информации и потоа ги препраќа на вештачка интелигеција за да ја осознае врската помеѓу визуелната и тактилната информација.
За да ја научат вештачката интелигенција како да идентификува објекти со помош на допир тимот сними 12.000 видеа од допирање на 200 различни предмети како ткаенини алати и предмети од домаќинството. Видеата потоа беа разделени на фотографии и вештачката интелигенција ги искористи тие податоци за да ги поврзе тактилните и визуелните информации.
Засега роботот може само да идентификува предмети во контролирана средина.Следен чекор на тимот е да направат поголема база на податоци и KUKA да може да работи и во поинакви услови.
Фото: Pexels