Куќата на Барби во Малибу достапна за изнајмување на Airbnb

81

По повод 60-годишнината од постоењето на брендот Barbie, компанијата ја стави куќата од соништата Барби во Малибу, Калифорнија, во понудата на Airbnb.

Резиденцијата на историската барбика (во реална големина) за прв пат ќе имаат можност да ја посетат четворица гости на кои ќе им биде дозволено да отседнат две ноќи. Имотот е лоциран во срцето на Малибу, се простира на три ката и нуди прекрасен поглед на океанот.

Гостите ќе можат да ја посетат куќата од 27 до 29 октомври, а пријавувањата започнуваат на 23 октомври. Цената на ова барби искуство чини 60 долари од ноќ, пишува Designboom.

Посетителите на располагање ќе имаат две спални соби, две бањи, инфинити базен, кино, соба за медитација, надворешна трпезарија, спортски терен и друго.

Освен тоа ќе можат да ѕирнат во историјата на Барби, односно да ги видат моделите што куклата ги носеше низ годините.

Фото: Airbnb