Познатата компанија Converse за прв пат по 98 години прави поголем редизајн на популарните патики – “старки“, што одбележаа многу генерации.
Converse ги претстави новите Converse Chuck Taylor All Star II, коишто имаат подобрена внатрешност за да може корисникот да се чувствува удобно.
Во внатрешноста е поставена пенестата подлога Lunarlon на познатиот производител на патики Nike. Оваа подлога нуди целосна поддршка и стабилност на стапалото, а од друга страна ги прави патиките помеки и не дозволува да се оштетат за кратко време.
Патиките ќе бидат достапни за продажба од 28-ми јули по цена од околу 70 долари.