Купуваат државјанства и бегаат во corona – free дестинации

237

Никој не очекуваше дека короната волку долго и сериозно ќе навлезе во сите сфери на општеството, а дури и оние кои имаат многу пари сега не знаат што да прават. Каде е безбедно и како да се функционира нормално.

Оваа криза сите ги затече, а ако следен пат богаташите повторно се најдат во ситуација да бидат во карантин, би сакале да имаат можност да се засолнат на сигурно, изолирано место.

Како што пишува Bloomberg, една од примамливите дестинации е Нов Зеланд, кој успешно одговори на корона кризата. Богатите сакаат да се свртат кон програмите кои подразбираат државјанство во замена за инвестирање во земјата каде дошле.

На пример околу 1,2 милиони евра, вклучително и купување на имот чини државјанство за брачен пар на Малта.

Експертите велат дека купувањето државјанство и имот на острови е нивниот план за вонредни ситуации. Во првите четири месеци годинава побарувачката за тие услуги пораснала за 495, во поредба со 2019 година.

Богатите не се заинтересирани само за карипските острови, тие се заинтересирани и за Австралија, Нов Зеланд, земји кои добро се справија со коронавирусот. За нив е важно како некоја држава се однесува за време на пандемија и каков пристап има владата.

Фото: Freepik