Квадрат во нова зграда во Белград и до 10.000 евра и има заинтересирани

359

По падот од 70 % за време на вонредната состојба, пазарот на недвижнини во Србија скоро се опорави. Според експертите, побарувачката се зголеми во последно време, особено во предградијата на Белград, но и во другите градови во Србија. Епидемијата не ја намали цената на метар квадратен, а кога станува збор за изнајмување – падна киријата за поголеми станови. Сепак, становите и куќите за изнајмување надвор од градот не се наоѓаат лесно, вели агентот за недвижнини Катарина Лазаревиќ. Кога станува збор за купување, малите станови и новата градба се најбарани.

Станови во нова зграда во Нов Белград ќе се продаваат по цена од 10.000 евра за квадрат, најави Катарина лазаревќ, агент за недвижнини.

 “Има згради каде квадрат ќе биде до 10.000 евра за метар квадратен, една нова зграда во Нов Белград и има заинтересирани за тоа“, рече таа, зборувајќи за сегашните цени на становите во српскиот главен град.
Лазаревиќ наведува дека прометот е поголем отколку пред епидемијата и дека има голем интерес за нова градба, а помалку за стара градба.

Цените, како што наведува, се разликуваат кога станува збор за нова и стара градба, во зависност од локацијата, додавајќи дека новата градба оди од 3.500 до 4.000 евра во центарот на градот.

Според Лазаревиќ, кога станува збор за долгорочен закуп, пазарот не се опоравил.
Има многу станови кои се нудат и нема многу интерес, па цените останаа исти, дури и за оние со поголема квадратура, цената падна за 20 %.

 

Фото: Pixabay