Квантен процесор на Google со својата брзина ги надмина супер – компјутерите

51

Квантниот процесор на Google, наречен Sycamore, успеа да комплетира задача за само 200 секунди, којашто најдобрите супер – компјутери ја решаваат за 10.000 години.

Научниците веќе со децении работат на развивање на квантни компјутери коишто ќе имаат многу поголема брзина од сите останатите уреди на пазарот денес.

Во компјутерските науки, основната единица бит може да има вредност 0 или 1, пишува BBC. Нејзиниот еквивалент во квантниот систем, таканаречениот кјубит, може истовремено да биде 0 и 1.

Овој феномен отвора можноста за мултитаскинг, односно решавање на повеќе задачи во исто време. Токму поради ова, научниците работат на создавање на целосно функционален квантен компјутер за којшто велат ќе бидат потребни уште неколку децении истражување.

Фото: Pexels