Квартална добивка од 48,8 милиони денари за УНИ Банка

27

УНИ Банка во период од први јануари до 31-ви март оваа година оствари добивка од 48.805.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првиот квартал лани, добивката на банката беше 47.076.000 денари.

“Најголем придонес во остварување на позитивен финансиски резултат во износ од 48,8 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските производи“, стои во Образложението за финансиските резултати на банката.

Во структурата на вкупните приходи (од камати, провизии и надоместоци, курсни разлики и останати), најголемо учество од 71,9%, како што се наведува, имаат приходите од камати, кои во споредба со првиот квартал од 2019 година се зголемени за 14,9% како резултат на порастот на кредитното портфолио.

Фото: Pixabay