Кварталните приходи на Alibaba зголемени за 61%

16

21728679_858671554299773_3042004301640515696_o

Фото: Facebook

Кинескиот гигант за е-трговија Alibaba ги надмина очекувањата со огромниот скок во квартални приходи благодарение на онлајн купувањето, пишува BBC.

Приходите за три месеци, односно од јули до септември се зголемија за 61%, споредено со истиот период лани, и моментално изнесуваат 8,3 милијарди долари. Alibaba, чиј основач е Џек Ма, го прошири својот бизнис од е-трговија на инвестиции во супермаркети и продавници.

Компанијата за трговија е најголем онлајн продавач на мало во Кина преку своите платформи за продажба Tmall и Taobao. Според податоците на Alibaba, бројот на мобилните месечни активни корисници во септември се зголемил на 549 милиони, што е за 20 милиони повеќе од претходниот квартален период.