L’Oreal по 15 години добива нов извршен директор

31

Одборот на директори на козметичкиот бренд L’Oreal одлучи по 15 години да назначи нов извршен директор. Бидејќи актуелниот директор, Жан Пол Агон ќе наполни 65 години, тој до јули следната година, ќе мора фотелјата да му ја препушти на друг директор.

Членовите на Одборот на директори на компанијата планира да ги одвои двете најважни управувачки функции – претседател и извршен директор, поради што Агон ќе биде претседател на L’Oreal, а на местото извршен директор ќе го назначи Никол Јеронимус.

Агон бил претседател и извршен директор на L’Oreal од 17-ти март 2011 година до 15-ти октомври оваа година. Поради возраста, на први мај следната година ќе ја напушти позицијата извршен директор ќе биде само претседател на компанијата и ќе остане дел од Одборот на директори.

Јеронимус за L’Oreal работи веќе 33 години, а од 2017-та година е именуван за заменик на извршниот директор задолжен за сите дивизии на компанијата. На оваа позиција во мај следната година ќе биде назначена Барбара Лавернос, која од февруари следната година ќе застане и на чело на одделот за истражување, иновации и технологии.

L’Oreal, којшто има долга традиција од над еден век, во своето портфолио има 36 интернационални брендови, лани оствари приходи од 29,8 милијарди долари и вработува над 88.000 луѓе ширум светот.

Фото: Facebook