Lada објави тизер за целосно новата Niva

73

Lada минува низ масивна трансформација под водство на Renault групацијата, најавувајќи четири целосно нови модели до 2025 година.

Renault групацијата минува низ фаза на трансформација, а еден од брендовите во групацијата, Lada, наскоро ќе добие неколку нови модели. Еден од тие модели ќе биде целосно новата генерација на култната Niva, а ова е најавено од страна на рускиот бренд преку официјален тизер. По Niva, ќе пристигне и нов SUV во C сегментот кој ќе влезе во производство со новиот SUV најавен од Dacia.

Двата модели ќе бидат поставени на истата CMF-B платформа, која се користи и кај најновите Logan и Sandero, како и кај Renault Clio и Nissan Juke и Note.

Кога станува збор за објавениот тизер за Lada Niva, може да се забележи дека станува збор за релативно компактен автомобил, со суров и агресивен изглед. Робусните дизајнерски елементи се забележливи, а на предниот дел се истакнуваат LED дневните светла во L форма, додека индикаторите за насока се поставени над фаровите, исто како кај оригиналниот модел.

За разлика од претходникот, целосно новиот модел ќе има четири наместо две врати. Рачките не се забележливи на цртежот, што веројатно значи дека ќе бидат вградени во рамката како кај Nissan Juke. Кога станува збор за дизајнот на задниот дел, погонот, технологијата, цените и се останато, сето тоа е мистерија во моментов. Во секој случај, очекуваме модерен производ, со соодветни системи за асистенција и безбедност и технологија, а секако и пристапна цена.

Преземено од Avtoplus.mk