Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот

37

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард повика на глобална регулатива на тргувањето со биткоинот, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности што предвидуваат перење пари и потребно е да се затворат сите законски “дупки“, наведува Ројтерс.

Биткоинот во последната година доби на популарност и сега со него тргуваат и обични луѓе, инвестициони фондови и големи корпорации. Некои дури и земаат кредити за да купат поголем износ од таа крипто валута, чија вредност е скоро 10 пати поголема од минатиот март.

Но, неговата анонимност предизвика загриженост бидејќи може да се користи за перење пари и други нелегални активности.

“Биткоинот е високо шпекулативна актива што се користи за некои чудни бизниси и некои потполно неприфатливи активности за перење пари“, рекла Лагард.

Навела конкретни случаи во коишто дигиталната валута е искористувана за перење пари, но рекла дека има сознанија дека се води кривична истрага против тие илегални активности, не откривајќи повеќе детали.

Фото: Facebook