Лагард пресече – нема фрлање “пари од хеликоптер“

121

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард нагласи до каде може да оди ЕЦБ, во помагање на државите од еврозоната погодени со пандемијата и порача дека директното кредитирање на владите надвор од пазарот би било назаконско.

ЕЦБ планира да купи хартии од вредност во висина од 1,1 милијарди евра оваа година, претежно државни обврзници, за да обезбеди евтино кредитирање за владите, домаќинствата и компаниите кои се борат против пандемијата на коронавирусот и вети дека ќе направи уште повеќе ако е потребно.

Бидејќи Банката на Англија позајмува директно на британската влада, инвеститорите почнаа да шпекулираат за тоа кои други централни банки ќе го следат тоа, бидејќи светот се соочува со најлоша рецесија во речиси еден век.

Лагард стави крај на шпекулациите за директното купување долгови од владите на еврозоната, a со “ладна вода“ ја поли идејата за помош на домаќинствата преку т.н. инструмент “фрлање пари од хеликоптер“, пренесува Reuters.

Според толкување на договорот, тоа значи дека купувањето државен долг на примарниот пазар, односно директно финансирање на влада, би урнало утврдена цел за поттикнување дисциплинирани буџетски политики, нагласува таа во писмото до еден европратеник објавено денеска.

Лагард наведе дека креаторите на политики на ЕЦБ никогаш не зборувале за обезбедување “пари од хеликоптер“ и дека ваквите предлози кои циркулираат во јавноста се недоволно конкретни.

Таа додаде дека тие предлози не нудат сеопфатен одговор на оперативните, сметководствените и правните тешкотии, ниту пак даваат целосна анализа на економската и монетарната исплатливост на таквиот трошок.

Фото: Pixabay