Лакталис ја презеде Љубљанске млекарне

19

Најголемата светска млечна индустрија, француски Лакталис, ја презеде Љубљанске млекарне, јавува љубљански Дневник.

Лакталис го откупи пакетот акции од 50,3% од словенечки НФД Холдинг, Фактор банка, КД Складов и Сава. Според Дневник, за овој пакет Французите платиле нешто помалку од 20 милиони евра или меѓу 8,5 и 9 евра за акција.

Според последните податоци, Љубљанске млекарне вработува 548 работници и годишно преработува 200 милиони литри млеко, што е околу 50% од вкупното произведено млеко во Словенија.

Лакталис е мнозински сопственик и на хрватската компанија Дукат.