Land Rover Defender е автомобил на годината според Top Gear

42

Новата генерација на култниот теренец на Land Rover, моделот Defender, се закити со престижната награда на Top Gear за автомобил на годината.

Британскиот теренец Land Rover Defender успеа да освои две нови глобално признаени награди, откако беше прогласен за Car of the Year од страна на Top Gear, а притоа се закити и со специјалната награда Unstoppable Force на годинешното издание на Top Gear Awards.

Жирито кое ја доделува престижната награда го пофали новиот Defender дека едно од најцврстите возила на патиштата денес, но и брилијантен наследник на оригиналниот и легендарен Land Rover, како автомобил на 21 век кој има одлични перформанси насекаде. Еден дел од оценувањето се одржа во пустината Намиб каде Defender ги воодушеви членовите на жирито како најспособен оф-роуд автомобил.

Уредникот на Top Gear, Џек Рикс истакна дека “Car of the Year е награда освоена единствено од најдобрите меѓу најдобрите. Свесни сме дека замената на една икона е многу тешка и неблагодарна задача, а Land Rover одлично го искористи своето искуство да погоди со новиот Defender. Успеавме да возиме низ особено сурови околности, со 110 и 90 формите, со секој мотор под хаубата и едноставно има брилијантни перформанси насекаде. Ова е најцврстиот и најспособниот оф-роуд модел кој некогаш сме го тестирале, но и префинет, добро опремен семеен автомобил за во град“.

Специјални тестови

Со цел да го прослави ова достигнување, Land Rover ги здружи силите со Top Gear магазинот за да докаже дека новиот Defender е достоен за Unstoppable Force титулата. Ултимативниот тест за сила е дизајниран да ја докаже структуралната цврстина на D7x алуминиумската платформа на Defender со закачувањето на три немодифицирани варијанти на 110 на кран.

“Навистина е голема чест да ја добиеме Car of the Year наградата на Top Gear за нашиот нов Defender. Уште на почетокот од креирањето на ова возило ние бевме опседнати со почитување на наследството и зачувување на автентичноста, како и да се осигураме дека е возило соодветно за денешниот свет. Работевме неуморно за да создадеме неверојатна оф-роуд способност“, изјави извршниот директор за производствен инжинеринг на Jaguar Land Rover, Ник Роџерс.

Со над 30 глобални награди за новиот Defender, оваа на Top Gear е една од најпрестижните кои Land Rover ги добива за својот теренец во 2020. Меѓу останатите поважни награди секако е онаа на Motortrend за SUV на годината, најдобар SUV за 2020 според Autocar и најдобар оф-роуд автомобил според Parker.

Редакцијата на Авто Плус имаше можност да го тестира новиот Defender, а во прилог преку овој линк, можете да го прочитате целосниот тест.

Преземено од Avtoplus.mk