Land Rover развива воздушни перничиња за заштита на пешаците

19

air bag land rover

По Volvo и Land Rover ги развива таканаречените воздушни перничиња за пешаците. Оваа технологија за прв пат се употребува на новиот модел на Land Rover – Discovery Sport.

Кога станува збор за безбедноста, вниманието на производители на автомобили најмногу е насочена кон заштита на патниците во автомобилите. Но, во последно време фокусот се менува и се движи кон безбедноста на пешаците.

Развиени се голем број електронски системи кои треба да го предупредат возачот на присуство на пешаци пред возилото, а некои од нив се во состојба автоматски да ги запрат автомобилите со цел да спречат било каква несреќа.

Во случај ниту возачот ниту напредната технологија да не успеат да спречат автомобилот да удри директно во пешакот, предниот дел од возилото, пред се браникот и предната маска се изработуваат од флексибилни материјали кои при удар се виткаат со цел да се ублажи ударот.

Новите решенија вклучуваат и воздушни перничиња кои се сокриени под хаубата. Овие перничиња се активираат кога сензорите ќе откријат дека возилото го удрило пешакот. Целта е да се спречи директен контакт на главата со ветробранското стакло при ударот.

Перничето се активира во рок од 60 милисекунди од моментот кога сензорите на браникот детектираат дека возилото го удрило пешакот, при брзина од 24 и 48 километри на час.