Ланецот на хотели Aloft воведува гласовна контрола во собите

27

aloft hoteliХотелскиот бренд Aloft претстави нова технологија во своите соби со којашто ќе можете да издавате гласовни команди со помош на апликацијата Siri од Apple, пишува Luxuo.

Таа ќе може да го контролира речиси секој систем во собата, како термостатот, со едноставна реченица – Сири, излади ја собата. Освен што ќе можете да ги контролирате сите уреди, ќе можете да прашате за атракции што вредат да се посетат и слично.

Специјалната апликација ќе биде вклучена во секоја соба на посебен iPad. Секој iPad доаѓа со туторијал којшто на гостите им го објаснува целиот процес на гласовно активирање. На крајот на престојот, Aloft, којшто е еден од брендовите на Starwood, ќе ги ресетира сите iPad уреди со цел да се избришат личните преференции на гостите.

Ова не е прва иновација од брендот. Aloft Cupertino и Aloft Silicon Valley, во 2014 година го претстави првиот хотелски батлер наречен Boltr.