Лани 85 котирани компании прокнижија добивка, а 21 завршија во минус

17

kocki-pixabay

Прегледот на финансиските податоци за котираните друштва на Македонска берза за 2016 година, покажува дека 85 компании оствариле позитивен финансиски резултат, а кај 21 компанија е евидентирана загуба.

Една година претходно, од вкупно 107 котирани компании, добивка прикажале 78 компании, додека негативен финансиски резултат оствариле 29 компании.

Вкупно 106 компании котираа на Македонска берза во 2016 година, а нивните вкупни добивки имаа вредност од 11.358.546.993 денари, додека остварените загуби беа на ниво од 1.057.821.222 денари.

Во однос на 2015 година, зголемување од 21,10% е забележано кај вкупните остварени добивки (9.379.442.671 денари).