Во 2019 година, во Република Северна Македонија се реализирани 146.078.000.000 денари инвестиции во основни средства, што е за 10,3% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемо учество во вкупните бруто инвестиции во основни средства во 2019 година и понатаму има скопскиот регион со 50,9%, додека најмало е учеството на североисточниот регион со 4,6%.
Споредено со 2018 година, пораст на инвестициите во основни средства е забележан во североисточниот регион (54,3%), источниот регион (23,5%), југоисточниот регион (23%), полошкиот (15,9%), југозападниот регион (12,4%), вардарскиот регион (12%) и скопскиот регион (7,4%).
Намалување на инвестициите во основни средства е забележано во пелагонискиот регион (15%).
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има скопскиот регион со 43,2%, додека најмало учество има североисточниот регион со 4,8%.
Поголем бруто домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат скопскиот регион со 41,8%, вардарскиот регион со 9%, југоисточниот регион со 7,5% и пелагонискиот регион со 3,5%.
Сите други региони имаат бруто домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.
Фото: Freepik











