Лани на увоз на сирење земјава потрошила над 26 милиони долари

55

Минатата година земјава направила увоз на сирење во вредност од 26.102.000 долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, увозот на сирење надмина 32 милијарди долари, од којшто скоро 14% отпаѓа на Германија (4,5 милијарди долари). Најголеми увозници на сирење во светот лани беа и: Велика Британија (2,2 милијарди долари), Италија (2,1 милијарда долари), Франција (1,9 милијарди долари) и Белгија (1,6 милијарди долари).

Грција во регионот е најголем увозник на сирење, чија вредност лани беше 517,6 милиони долари. Следуваат: Хрватска (133,3 милиони долари), Словенија (115,8 милиони долари), Бугарија (100 милиони долари), Босна и Херцеговина (46,5 милиони долари) и Србија (33,5 милиони долари).

Фото: Pixabay