Лани продадени е – велосипеди вредни 1,5 милиони долари

31

Бројката на продадени електрични велосипеди сè повеќе расте од година во година. Според последните истражувања на пазарот, во 2018 година продажбата на електрични велосипеди генерирала профит од речиси 1,5 милиони долари.

Прогнозите се дека оваа бројка во следните пет години ќе се зголеми за 6,39%.

Најмногу се продавале велосипеди со педали или таканаречени (Pedelec), а најголем број вакви транспортни возила биле продадени во Азија. На европскиот пазар, Германија со испорачани 440.000 е на прво место по продажба на е-велосипеди, по којашто следуваат Франција, Италија, Холандија и Шпанија.

Ваквиот начин на транспорт заштедува пари, е здрав како за околината, така и за корисниците и погоден за движење на места каде што моторни возила е тешко да пристапат.

Фото: Pixabay