Минатата година во земјава имало вкупно 2.114.133 картички со платежна функција, од кои на физички лица им припаѓаат 2.073.716, а на правни 40.417, покажуваат податоците на Народна банка.
На крајот на декември минатата година, во земјава имало вкупно 1.756.294 дебитни картички, од кои на физички лица отпаѓаат 1.724.970, додека на правни лица 31.324.
Една година претходно, имало 1.474.423 дебитни картички, со 1.446.235 на физички лица и 28.188 на правни лица.
Кога станува збор за кредитните картички, нивниот вкупен број, на крајот на декември лани, беше 357.839 (348.746 на физички и 9.093 на правни лица). Една година претходно, биле регистрирани вкупно 372.971 кредитна картичка, од кои на физички лица отпаѓаат 363.278, а 9.693 на правни лица.
Анализирано по брендови, 1.173.563 се Viza, 899.085 се Mastercard, a 63.911 отпаѓаат на други брендови, како што се Diners, American Express и слично.
Согласно податоците на Народна банка, на крајот на декември имало и 1.476 бесконтактни и 10.872 интернет картички.
Фото: Pexels