Лани сме заработиле 3,4 милиони долари од извоз на пиво

73

Македонија во текот на минатата година извезе пиво во вредност од 3.451.000 долари или 1,9% повеќе во однос на 2018-та година.

Извозот на пиво на глобално ниво минатата година беше 15,5 милијарди долари, што е за 1,8% помалку во однос на претходната 2018-та година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу земјите во светот, најголем извозник на пиво е Мексико со удел од 26,9% и 4,2 милијарди долари. Во првата петорка најголеми извозници се и: Холандија (2,1 милијарда долари), Белгија (две милијарди долари), Германија (1,3 милијарди долари) и САД (805,9 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Србија (27-ма) со извоз на пиво од 58,3 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (42,7 милиони долари), Хрватска (35,3 милиони долари), Грција (23,5 милиони долари) и Бугарија (23,1 милиони долари).

Фото: Freepik