Лани во Македонија регистрирани над 1.000 бесправно изградени објекти

50

vikendicka-pixabay

Фото: Pixabay

Во текот на 2016 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 1.037 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 203 објекти за домување (19,6%), 174 доградби, надградби и адаптации (16,8%), 111 деловни објекти (10,7%), 107 гаражи (10,3%), 168 огради (16,2%), осум скалила (0,8%), 26 тераси (2,5%), 10 летни тераси (1%), 87 натстрешници (8,4%), 36 времени објекти (3,5%) и 107 помошни објекти (10,3%).

Најголем број бесправно изградени објекти (97,6%) се во приватна сопственост.