Лансиран Skype in the workspace

23

Skype излезе со уште една новина на пазарот. Имено станува збор за Skype in the workspace платформа со која малите компании ќе можат бесплатно да се поврзат со клиентите, партнерите и добавувачите.

Оваа платформа произлезе од идејата да им се даде можност на малите и на новите компании меѓусебно да се поврзуваат и да воспоставуваат контакти со потенцијалните клиенти.

Коорисниците можат да се регистрираат на Skype in the workspace преку своите LinkedIn профили. Веднаш по регистрирањето тие ќе можат да споделуваат разни активности базирани на друштвените мрежи.

Корисниците на оваа платформа ќе можат да организираат и Skype повици со други компании, преку кои ќе можат да добијат совети и идеи за бизнисот, дури и потенцијален бизнис партнер. Исто така ќе можат да се едуцираат преку специјализирани блогови со совети, кои се интегрирани во самиот систем.

Сите компании заинтересирани за сервисот ќе мора да се регистрираат на Skype за да можат да се придружат на бесплатната платформа.