Собранието на акционери на прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес донесе одлука за распределба на чистата добивка од работењето на компанијата во 2016 година.
Остварената чиста добивка од работењето на друштвото во 2016 година во износ од 541.014 денари, како што се наведува, да се употреби и распредели за инвестирање во деловни проекти во интерес на осовременување на процесот на производството во друштвото.