Ланската добивка на Современ дом од Прилеп за инвестиции

24

sovremen-dom-prilep

Современ дом од Прилеп донесе предлог одлука за распределба на добивката остварена во текот на 2016 година.

Нето добивката од 2016 година, во износ од 10.773.820 денари, како што стои во предлог одлуката, се распоредува за: законски резерви од 538.691 денари и нови инвестиции во износ од 10.235.129 денари.

“Со оглед на фактот што добивката е помала од минатата година, наместо дивиденда, целиот износ да се пренамени за инвестиции и тоа за нови складишни простори и целосно реновирање на дотраените“, стои во образложението на предлог одлуката.