Ланската добивка на Современ дом Прилеп за резерви и инвестиции

28

sovremen dom prilep

Kомпанијата за производство на корпусен, тапациран мебел и градежна столарија, Современ дом од Прилеп, донесе предлог одлука за распределба на добивката од минатата година.

“Нето добивката од 2015 година во износ од 18.045.284 денари да се распореди за: 902.264 денари за законски резерви и 17.143.020 денари за нови инвестиции“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Исто така, компанијата донесе одлука за исплата на дивиденда. Според истата, дивидендата во износ од 7.607.444 денари ќе се исплати од дел од акумулираната добивка од 2014 година.

Дивидендата во нето износ по акција ќе изнесува 10 денари, додека во бруто износ акцијата ќе изнесува 11,11 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 25.07.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 26.07.2016 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 28.07.2016 година.

Дивидендата ќе започне со исплата од 30.07.2016 година.

Современ дом од Прилеп донесе одлука за покривање на загубите на компанијата од минатите периоди од акумулираната добивка.

“Дел од средствата од акумулираната добивка остварена во минатите години која е во вкупен износ од 127.749.996 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.