Ланската добивка на Ветекс за инвестиции

25

veteks-veles

Собранието на акционери на компанијата за производство на предиво и конец Ветекс од Велес донесе одлука за распоредување на остварената добивка во 2016 година.

Остварената добивка, во износ од 9.497.989 денари, се распоредува во акумулирана добивка за идни инвестиции за набавка на опрема, односно реинвестирана добивка од 9.023.089,00 денари и законски резерви 5% од 474.900,00 денари.