Ланската година за Жито Караорман од Кичево заврши со добивка од 858.000 денари

120

brasno-i-pcenica-pixabay

Фото: Pixabay

Жито Караорман од Кичево, од јануари до декември лани, оствари 858.000 денари добивка, додека истиот период во 2015 година, таа изнесуваше 832.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви декември 2016 година изнесуваат 53.861.000 денари. Од нив, на домашен пазар се реализирани 53.810.000 денари, додека остатокот од 51.000 денари е остварен преку извоз.

Жито Караорман од Кичево е дел од млинско пекарската индустрија и произведува брашно, леб и бели печива.