Ласер што го полни телефонот од далечина

24

mobile-chargerФото: Pixabay

Тим од Универзитетот во Вашингон креирал ласер на којшто со еден клик можете да дадете команда да ви го наполни телефонот што се наоѓа на другиот дел на собата, пишува New Atlas.

Уредот функционира преку Wi fi, а има и посебни сензори на задниот дел на телефонот што реагираат на ласерската светлина. Ласерот фунцкионира на растојание од 4,3 метри. Може да го наполни телефонот со брзината со која што го полни и обичното USB. Уредот е дизајниран да добие известување кога на телефонот ќе му треба полнење.

Во системот се вградени неколку безбедносни мерки. Штом лицето се приближи кон зракот на ласерот, автоматски се прекинува полнењето, а потоа повторно продолжува кога лицето ќе се оддалечи. За да се спречи емитирање топлина, истражувачите користеле алуминиумски ленти со кои што го обликувале сензорот на мобилниот телефон.