Латвија ќе премине на евро

27

Владата на Латвија утврди предлог закон за воведување на еврото од 1 јануари 2014 година како официјално средство за плаќање, наместо националната валута лат.

Според предлог законот, цените на стоките и услуги три месеци пред воведувањето на еврото и шест месеци потоа, ќе се истакнуваат во двете валути, и во евра и во лати.

Банкоматите ќе престанат да издаваат лати уште истиот ден кога ќе влезе еврото. Првите две недели ќе се плаќа со двете валути, а кусурот ќе се враќа во евра. Промената на лати во евра во деловните банки ќе може да се направи во првите шест месеци, освен во Банка на Латвија, каде нема временско ограничување, ниту ограничување на износот.

Латвија, за да влезе во еврозоната, мора да ги исполни критериумите на Брисел, според договорот од Мастрихт, буџетскиот дефицит да не е над 3% годишно, а државниот долг да е до 60% БДП.