Лажна Facebook страна со име Komercijalna Banka AD Skopje

52

На Facebook се појави лажна страна со име Komercijalna Banka AD Skopje, којашто се обидува да прибере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа, информираат од банката.

Лажната страна веќе е пријавена во Facebook од страна на Комерцијална банка АД Скопје.

“Комерцијална банка АД Скопје нема никаква врска со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook. Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци додека сте на интернет. Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции согласно позитивните законски прописи“, велар од банката.

Фото: Pixabay