Леб со вкус на кајмак од Жито Лукс

202

Леб со вкус на кајмак е новитет во палетата лебови на Жито Лукс. Компанијата ги изненади своите потрошувачи со иновативен и единствен на пазарот леб со ваков вкус.

Како и останатите лебови на парчиња произведени по високи стандарди, создаден е совршено мек и апсолутно неодолив леб кој одлично се вклопува во празничното мени, стои во соопштението.

Жито Лукс постојано се грижи да биде иновативен создавајќи богат асортиман на производи, во согласност со најновите трендови и барања на пазарот. Секоја новост е одговор на желбите на потрошувачите, кои се главен фокус во работата на компанијата, што придонесува таа повеќе 70 години да биде лидер во мелничко – пекарската индустрија во земјава.