Лецкер лансираше нови премиум производи

215

seemiller

Компанијата за производство на сувомеснати производи Лецкер, на воодушевување на сите гурмани, подготви два нови производи кои со својот премиум изглед и вкус веќе привлекуваат посебно внимание, соопштуваат од компанијата.

Хаџи Баба (Haxhi Baba) говедски колбас и Семилер (Seemiller) пилешки колбас се првите два производи од новата премиум линија на производи од оваа компанија, коишто ја збогатуваат понудата на пазарот со домашни сувомеснати производи. Благодарение на германската рецептура и домашното традиционално производство, новите како и досегашните, производи имаат цел да го пронајдат местото и до најпребирливиот потрошувач.

Од тетовската компанија велат дека врвниот квалитет на намирниците од коишто се подготвени Лецкер производите, во комбинација со примесите на иновативните идеи на Лецкер мајсторите, гарантираат одлично гастрономско доживување. Ориентирани кон задоволството на потрошувачите имаат за цел да бидат различни и да понудат избор на оние кои сакаат да пробаат нови и различни величествени вкусови со премиум квалитет, без никакви вештачки додатоци.

haxhi_baba

“Основа за раст на секоја компанија е континуитетот во проширувањето на производната линија, односно зголемување на понудата која доаѓа од брендот. По опширната и детална анализа на пазарот, новите Лецкер производи во голем дел се сложуваат со барањата на потрошувачите. Хаџи Баба и Семилер ќе одговорат на потребите на гурманите со стил“, изјави Беким Иљази, маркетинг менаџер на Лецкер.

Лецкер е познат по својата различна и богата програма на трајни колбаси што ги задоволуваат различните вкусови и на најпребирливите гурмани. Широката палета пилешки месни производи, која опфаќа екстра салама, екстра салама со маслинки, екстра салама со печурки и екстра салама со пиперки, пилешка виршла, димен пилешки деликатес, шунка од пилешки гради, пилешка чајна, пилешки кулен, како и палетата говедски производи која опфаќа димено говедско месо, димен говедски деликатес, екстра говедска салама, говедска мортадела,  говедски суџук и говедска чајна, веќе една деценија го имаат своето место во понудата на маркетите.

Компанијата Лецкер, како компанија ќерка на Везе Шари, постои од 2005 година, а во 2007 година започна со производство, во почетокот само на пилешки сувомеснати производи, а нешто подоцна и со производство на говедски месни производи.