Легендарниот инвеститор пријави загуби: Berkshire Hathaway загуби 43,8 милијарди долари

101

Падот на цените на американските акции ги наруши резултатите на Berkshire Hathaway Inc во вториот квартал, бидејќи конгломератот предводен од милијардерот Ворен Бафет објави загуба од 43,8 милијарди долари.

Berkshire Hathaway сепак објави околу 9,3 милијарди долари оперативен профит бидејќи добивките од реосигурителната и железничката компанија BNFC ги надоместија новите загуби кај осигурителот на автомобили Genco, бидејќи недостигот на делови и повисоките цени на користени возила ја зголемија побарувачката за осигурување.

Зголемените каматни стапки и исплатите на дивиденди им помогнаа на осигурителните компании да генерираат повеќе готовина од инвестициите, додека посилниот американски долар го зголеми профитот од европските и јапонските должнички инвестиции.

И покрај огромната нето-загуба, „резултатите ја покажуваат издржливоста на БХ“, велат аналитичарите, бидејќи на компаниите им оди добро и покрај повисоките каматни стапки, инфлаторните притисоци и геополитичките грижи. Аналитичарите посочуваат дека имаат доверба во компанијата на Бафет во случај на рецесија.

Berkshire Hathaway, исто така, го забави откупот на акции, вклучително и сопствената, иако имаше повеќе од 105 милијарди долари во готовина што можеше да ги искористи. Инвеститорите внимателно ја следат Berkshire Hathaway поради репутацијата на Бафет дека ги одразува пошироките економски трендови.

Berkshire Hathaway ги врати сопствените акции во вредност од една милијарда долари, што е за 3,2 милијарди долари помалку отколку во првиот квартал. Вкупните набавки на акции паднаа од 51,1 милијарди долари во првиот квартал на 6,15 милијарди долари. Во првиот квартал Berkshire Hathaway се стекна со акции во големите нафтени компании Шеврон Корп и Оксидентал Петролеум Корп, додека во вториот квартал немаше слични инвестиции.