Легендарното Фиќо го прослави 60-от роденден

684

fico

Легендарната Застава 750 или меѓу луѓето позната како Фиќо го прославува својот 60-ти роденден. Овој култен автомобил беше обележје на автомобилската индустрија во поранешна Југославија и на многу генерации од тој период.

fico 1

Главниот инженер на Fiat, Данте Гиакоса во тоа време доби задача да дизајнира мал автомобил, којшто има задача да обезбеди удобно возење за четири лица, по што произлезе Fiat 600. Првиот автомобил од оваа марка е претставен далечната 1955 година на саем за автомобили во Женева.

belo fico

Првото Фиќо во фабриката на Застава во Крагуевац, според лиценцата на Fiat, е произведено на 18-ти октомври 1955 година, додека последниот примерок датира од ноември 1985 година. За 30 години во фабриката на Застава се произведени 923.487 примероци. Во светот вкупно се произведени 4.921.626 возила, од кои во матичната земја – Италија, 2.695.197, во Шпанија 814.926, во Аргентина 304.016, во Германија 172.000 и во Чиле 12.000 примероци.

fico milicija

Застава 750, освен што се користеше како возило за лични потреби, во поранешна Југославија го користеа и полицијата, медицинските и други државни служби.

fico vnatre

Овој автомобил, којшто тежи околу 640 килограми, има две врати и четиристепен менувач. Просечната потрошувачка на Фиќото е околу 5,7 литри на 100 километри, а развива брзина до 95 километри на час.

fico zolto