Лего ги прекинува сите свои деловни активности во Русија

55

Најголемиот светски производител на играчки, данскиот Лего, објави дека ќе ги прекине сите свои деловни активности во Русија.

Претставник на компанијата Лего изјави дека е одлучено „на неодредено време да се прекине комерцијалното работење во Русија, со оглед на континуираното нарушување во оперативното опкружување“, пренесува Гардијан.

Се наведува дека тоа вклучувало прекин на работниот однос на голем дел од московскиот тим и партнерство со групацијата Inventive Retail, која управувала со 81 продавница во име на данскиот бренд, што го потврди и претставник на групацијата.