Lego ја зголеми продажбата за 13% во 2020 година

48

Данскиот производител на играчки, Lego во 2020 година забележа раст на приходите за 13% на 6,98 милијарди долари, а една година претходно приходите беа зголемени за 6%.

Оперативната добивка на компанијата во истата година се зголемени за 19%.

“Коронавирусот ги забрза трендовите што веќе почнаа. Повеќе се купуваше преку интернет и семејствата многу повеќе градеа додека беа дома“, вели Нилс Кристијансен, извршен директор на Lego.

Поради зголемената онлајн продажба, Lego ќе вработи неколку стотина вработени за да се забрза дигитализацијата.

Компанијата отвори 134 нови физички продавници, вклучувајќи и 91 ново продажно место во Кина, што е најголем растечки пазар. Се очекува оваа година да бидат отворени 120 продавници, од кои 80 во Кина.

Фото: Pexels