Лего ќе дели откази

25

lego

Фото: Pixabay

Данскиот произведувач на играчки Лего соопшти дека ќе подели 380 откази во главната фабрика во Данска до 2015 година, поради селење на активностите во странство, со цел намалување на трошоците.

“За некои вработени тоа ќе биде природно пензионирање, други ќе се здобијат со нови вештини и ќе прејдат на други работни места во групацијата Лего. За жал, нема да можеме да избегнеме некои да добијат отказ”, изјави извршниот директор на компанијата Виг Нудсторп.

Лего е основана во 1934 година како фамилијарен бизнис, а во 2010 стана четврт по големина играч на светскиот пазар на играчки. Компанијата мина низ сериозна криза кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те, кога острата конкуренција од страна на компјутерските игри по прв пат во историјата ги фрли на колена. Потоа Лего се реструктуира, беа поделени масовни откази, се затворија производни погони и фокусот се префрли на основната дејност – производство на популарните коцки.