Lego најмоќен бренд во светот

25

lego

Фото: Lego

Коцките на Lego станаа помоќни од автомобилите на Ferrari. Данската компанија, по падот на популарноста во 2000-тата, повторно е меѓу најмоќните брендови во светот. Во 2014 година ја презеде лидерската позиција од Ferrari, кој падна на девето место и според истражувањето на Brand Finance, стана најмоќен бренд во светот.

Прва во поглед на лојалноста, препознатливоста и реномето, од финансиски аспект данската компанија не фигурира на листата 10 најмоќни брендови, за разлика од Ferrari, кој добро котира и на оваа листа, со вредност од 4,7 милијарди евра минатата година, 18% повеќе во однос на 2013 година.

На листата финансиски највредни на првите три позиции се Apple, Samsung и Google.

Во категоријата брендови кои забележале најбрз раст доминира Twitter, чија вредност е скоро тројно зголемена, на 4,4 милијарди долари.