Лекот ремдесивир ги крена акциите на Wall Street

76

Цените на акциите на Wall Street вчера пораснаа, откако инвеститорите ги охрабри веста за потeнцијален лек за коронавирус.

Dow Jones скокна 532 бода или 2,21%, на 24.633 бода, додека S&P 500 порасна 2,66% на 2.939 бода, а индексот Nasdaq 3,57%, на 8.914 бода.

Инвеститорите ги охрабри веста дека експерименталниот противвирусен лек ремдесивир, на американскиот производител Gilead Scienceѕ ги ублажил симптомите кај пациентите заболени од Ковид – 19, кои лекот го примиле порано, отколку кај оние кои го добиле подоцна.

Цената на акциите на Gilead Scienceѕ скокна скоро 6%.

Фото:Facebook