Lenovo бележи пад на добивката од 51%, следуваат отпуштања

21

lenovo

Кинескиот произведувач на компјутери и паметни телефони Lenovo извести за пад на нето добивката во второто тримесечје и најави укинување на 3.200 работни места ширум светот, пишува Forbes.

Нето добивката на Lenovo во однос на истото тримесечје минатата година е помала за 51% и изнесува 105 милиони долари. Во исто време, приходите се зголемени за 3% на 10,7 милијарди долари. Од компанијата најавија дека планираат да отпуштат околу 10% од вкупниот број на вработени во непроизводниот сектор до крајот на оваа година, што е околу 3.200 работни места, во рамките на мерките за намалување на трошоците. Lenovo бележи значителен пад на продажбата во секторот на компјутери и таблети.