Леонардо ди Каприо меѓу туристите кои ќе ја посетат вселената преку Virgin Galactic

193

Virgin Galactic, компанијата за вселенски туризам на Ричард Брансон, најави дека двојно ќе го зголеми бројот билети за заинтересираните патници, пишува BBC.

Меѓу познатите кои веќе купиле билет се Леонардо Ди Каприо и Џастин Бибер, а во нивно друштво ќе биде и самиот Брансон.

Од компанијата велат дека примиле скоро 8.000 барања, што е двојно од бројот на резервации направени во септември минатата година.

Цените и датумот на летот не е познат, но билетите се веќе распродадени. Засега се резервирани 630 фиксни резервации од 60 земји во светот по цена од околу 250.000 долари, но и понатаму заинтересираните можат да аплицираат.

За да може да се направи соодветен избор од апликациите, компанијата прави програма за аплицирање под името One Small Step, за којашто треба да се плати 1.000 долари.

Фото: Facebook