Летечки роботи ќе берат зрело овошје

24

Поради глобалниот недостиг на сезонски берачи на овошје, дополнителен ограничувачки фактор е и забраната за патувања поради пандемијата, многу земјоделци во светот беа принудени да го остават зрелото овошје да скапува.

Но, израелската компанија Tevel Aerobotics Technologies осмисли летечки роботи, што користат вештачка интелигенција за откривање и берење зрело овошје, со што нема да се дозволи да скапува. Роботите може да работат 24 часа дневно и да препознаат и да берат само зрело овошје. Користи алгоритам на перцепција на вештачка интелигенција за лоцирање на овошјето, како и алгоритми со чија помош ги пронаоѓа плодовите меѓу листовите и ги класифицира по голема и зрелост.

Производителите велат дека роботите ќе заштедат пари и ќе го намалат отпадот од храна. И пред пандемијата, на производителите на овошје им било тешко да најдат работници за берење овошје. Постојано се намалува бројот на берачи во светот, а пандемијата само дополнително да искомплицира целата ситуација.

Фото: Pexels