Летечкото такси на Boeing го изведе својот прв лет

13

Фото: Boeing

Производителот на авиони, Boeing го изврши првиот лет на своето автономно летало, електричниот VTOL.

Машината, чијашто должина изнесува 9,14 метри, а ширина 8,53 метри, успешно полета, се движеше во воздух и успешно се спушти на земја.

Штом сите тестирања ќе бидат завршени, леталото ќе служи како средство за транспорт на патници во градови, каде копнениот сообраќај е бавен или непрактичен.

Според производителот, eVTOL е прилично тивок и може да лета на далечина од 80,4 километри. Планирано е да се додаде и дел за пренос на товар чијашто максимална тежина би изнесувала 226,8 килограми.