Летна промоција во ОНЕ – Две Џабест СИМ картички по цена од само 99 денари

39

one

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ воведува нова, летна промоција во ЏаБест. Од денеска, низ целата земја, за секоја купена ЏаБест СИМ картичка по цена од само 99 денари, ОНЕ подарува уште една. Двете ЏаБест СИМ картички доаѓаат во уникатно ЏаБест СИМ ДУО пакување.

Секоја од нив нуди: бесплатни разговори со сите ЏаБестери, една и единствена тарифа за повици кон сите национални мрежи од 2,9 денари за минута и една и единствена тарифа од 2,9 денари за СМС и ММС.

Дополнително, сите ЏаБестери можат да активираат некој од актуелните интернет пакети: дневен, неделен или месечен. А ова лето, во рамките на промотивната при-пејд понуда, сите Џабестери можат да го активираат и неделниот пакет кој ќе им овозможи да зборуваат неограничено кон сите национални мрежи, но и да користат неверојатни 2GB бесплатен мобилен интернет, по цена од само 79 денари/неделно.