Летно работно време на дел од експозитурите на ТТК Банка

31

ttk-banka

ТТК Банка ги информира своите клиенти дека во текот на летниот период, од први јули до 31-ви август оваа година, дел од експозитурите ќе имаат изменет режим на работно време.

Во овој период, следните експозитури ќе работат по летно работно време:

  1. Експозитура Скопје Аеродром – од понеделник до петок од 8 до 16 часот, во сабота од 9 до 13 часот;
  2. Експозитура Скопје Кисела Вода – од понеделник до петок од 8:30 до 16:30 часот;
  3. Експозитура Велес – од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
  4. Експозитура Кочани – од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
  5. Експозитура Гостивар – од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
  6. Експозитура Струга – од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
  7. Експозитура Кичево – од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
  8. Експозитура Дебар – од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
  9. Експозитура Кавадарци – од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

Останатите филијали и експозитури на ТТК Банка ќе работат во согласност со досегашното редовно работно време.