Летните месеци јуни, јули и август се резервирани за одење на леен одмор, но во последните неколку години нештата во туризмот добија сосема поинаква димензија.
Бидејќи авио билетите поевтинуваат, многу луѓе одат на летување на некоја далечна дестинација во текот на зимските месеци. Па не е ни чудо ако некој ваш колега побара одмор во текот на зимските месеци за да оди на летување. Таа пракса станува сè почеста.
Наместо да се тресете од студ на температури под нулата, да се “маскирате“ со капи, шалови и ракавици, може да одлетате на некоја далечна и топла дестинација и да уживате во топлото сонце и морските бранови.
Такви места може да бидат: Египет, Тунис, Бразил, Тајланд, Шри Ланка, Куба, Обединети Арапски Емирати, Мароко, Канарски острови, Мексико, Малезија, Малдиви, Занзибар, Индонезија…
Фото: Pexels