Level: Паметни очила што ќе ве “одржат“ во форма

23

precison-jordan_image

Фото: Level

Американската компанија VSP Global следниот месец официјално ќе го претстави својот нов производ на пазарот- паметните очила Level. Компанијата е основана уште во 1955 година и повеќе од 60 години го снабдува пазарот со квалитетни решенија, пишува Gadgets and Wearables.

Очилата навидум изгледаат сосем обично, но во рамките имаат низа сензори и уреди коишто ги мерат чекорите на корисникот, калориите,  активноста и поминатата далечина. Доаѓаат заедно со апликација за смартфон којашто ја покажува фитнес статистиката во детали и преку којашто собирате поени доколку ги исполните дневните цели.

Кога корисникот ќе направи 50 поени VSP ќе додели бесплатен преглед на очите и очила на оние што немаат можност тоа да си го дозволат. Level очилата се отпорни на вода и доаѓаа во три различни дизајни за мажи и жени.

Се полнат преку скриена магнетна обвивка во рамките и за тоа потребно е половина час. Батеријата трае три дена. Нивната цена е 270 долари.